Ваше целосно решение за климатизација
Греење, ладење и прочистување воздух со една единица.
Дизајнирано во Европа за Европа
Мазниот и стилски изглед ја прави Daikin Emura најубав климатизер на пазарот. Меѓународно признаена по својот дизај, Daikin Emura е достапна во бела и сребрена боја за да се вклопи во секој ентериер.
Победнички дизајн
Енергетска ефикасност
- Напојувана од 80% обновлива енергија од воздухот и 20% струја при греење
- Технологијата со инвертор ја зголемува заштедата на енергија за 30%
- Интелигентниот режим и поставките за енергетска ефикасност ја намалуваат преголемата потрошувачка
- Достапна со технологијата Bluevolution за повеќе да го намали влијанието врз средината и да ги подобри енергетските перформанси
- Интелигентно око
- Прочистување на воздухот
- Повеќе поврзувања
Создадена за ваша удобност
Интелигентното око со 2 зони користи сензори за да забележи и да го пренасочи воздухот настрана од луѓе за да го оптимизира протокот на воздухот. Системот автоматски се вклучува на режим за заштеда на енергија кога ќе забележи празна соба.
Чиста и здрава атмосфера
Дезодорирачкиот филтер од титаниум апатит во Daikin Emura ги разложува непријатните мириси, на пример, од цигари или домашни миленици
Уникатниот сребрен филтер за отстранување алергени и за прочистување на воздухот задржува 99% од алергените како полен и куќни грини.
За една соба или повеќе, изборот е ваш.
Со мулти-системите на Daikin, можете да поврзете до 5 внатрешни единици со 1 надворешна единица. Секоја внатрешна единица може да се контролира поединечно.
Постојано под контрола
Преземете ја ја апликацијата Daikin Online Controller, поврзете ја Daikin Emura со Wi-Fi и контролирајте ја атмосферата од секаде. Толку е лесно.