Интуитивен управувач со врвен дизајн
- Правилната кружна форма овозможува елегантен и стилски дизајн
- Интуитивен интерфејс со контрола со копчиња на допир
- Со димензии 85x85mm, компактниот управувач одговара на стандардните кутии за електрична инсталација
Напредните поставки и пуштањето во употреба може да се изведат лесно преку паметен телефон
Три бои за да одговара на секаков ентериер
Без разлика на ентериерот, Madoka ќе одговара на него. Сребрената боја дава дополнителен впечаток на истакнување во секој ентериер или примена, додека црната боја е идеална за темни, стилски ентериери. Белата боја нуди елегантен, модерен изглед.
Победнички дизајн
Madoka доби награда за дизајн IF и награда за дизајн Reddot за својот иновативен дизајн. Овие награди претставуваат две од најпрестижните и најголемите натпреварувања за дизајн во светот.
За најлесна употреба, Madoka Assistant
- Поврзете се со паметниот телефон преку Bluetooth Low Energy
- Визуелниот интерфејс ви помага да направите распоред, да поставите ограничувања и овозможува други поставки за напредни корисници / технички лица
- Лесно и кратко пуштање во употреба за инсталаторите
* Во овој момент, функциите на Madoka Assistant не може да се применат за станбено греење
Лесно поставени напредни поставки
Поставувањето и прилагодувањето на управувачот е едноставно и помага да заштедите повеќе и да добиете поголема удобност. Системот може да поддржи до три различни температурни распореди и овозможува забрана на поединечни функции од менито. Надворешната единица може да ја поставите и на тивок режим и да ја следите потрошувачката на енергија.
Лесно и брзо пуштање во употреба
Инсталаторите може брзо да ги постават сите параметри на системот. Интерфејсот на паметниот телефон овозможува побрзо работење во споредба со извршување на поставките на самиот управувач.
Исто така, отчитувањето на грешките е полесно, со што се забрзува сервисирањето.
Преземете ја апликацијата
Madoka за станбено греење
- Madoka е компатибилен со најновата генерација на топлотната пумпа на принцип воздух-вода Daikin Altherma 3
- Слично со Madoka, и третата генерација на Daikin Altherma е опремена со Daikin Eye, со што ви овозможува брзо да го погледнете статусот на системот